Доколку сте љубители на кампувањето и спиењето во шатор, веројатно сте дошле во ситуација кога сте ја заборавиле запалката дома, па сте морале да се откажете од ноќното дружење покрај оганот.
Но, речиси секогаш некој од друштвото со себе носи гуми за џвакање и радио, па доколку ве снајде нешто вакво, знајте дека нема потреба да се враќате дома, или да лутате кон најблиската продавница.
Во видеото подолу, човекот по име Грант Томпсон ни прикажува генијален начин за тоа како да направиме едноставна мала „запалка“ од само две состојки: батерија и опаковка од гума за џвакање.
За овој трик да успее се потребни само неколку секунди, а истиот е одличен за да го импресионирате друштвото со вашите нови камперски вештини.