Добрата наука може да се користи од време на време, за да се импресионираат непознатите, како што ние со помош на овој супер трик сакаме да ве импресионираме вас.
Како што видовте погоре, можете да изгаснете свеќа, а потоа да ја запалите повторно, дури и без допирање на фитилот.
Едноставно морате да го држите огнот врз трагата, кај димот. Потоа како магија – свеќата повторно се пали!
Што всушност се случува?
Slow Mo Guys решаваат да проверат, снимајќи го целиот процес со 2.500 фрејмови во секунда. Крајниот резултат е навистина убав:
Она што станува јасно од супер забавните кадри е дека чадот содржи парчиња восок што испаруваат, кои се уште не се целосно изгорени. Кога го држите огнот врз чадот, пламенот успева да си го пронајде својот пат до дното (преку палење на честичките од восок) и повторно да се запали свеќата.
Како што вели Гевин од Slow Mo Guys:
„Буквално гледате како науката се случува пред вашите очи.“
Објаснувањето е прилично едноставно. Но следниот пат кога некој ќе се обиде да ве импресионира со своите вештини да запали свеќи, ќе можете да му раскажете што точно се случува.