Летното сонце е идеално за тенот, пливањето и уживањето, но не е идеално и за нашите паметни телефони.
Прегорувањето претставува реален ризик, а во одредени случаи топлината може да го оштети или сосема да го уништи вашиот уред. За среќа, постојат начини да го заштитите.
1. Не го оставајте телефонот на сонце – ако вам ви е пеколно под сонцето, замислете како му е на телефонот со сите платични и метални делови.
2. Извадете го од футролата -истата често служи како изолација, конкретно, ја задржува сета топлина внатре, не дозволувајќи му на телефонот ни најмалку да се олади.
3. Исклучете ги сите непотребни позадински процеси – GPS, WIFI, игри, аларми, гаџети…ништо од ова не е апсолутно неопходно во секое време, затоа исклучете ги кога не ги користите активно. Заштедете ја батеријата, а и телефонот помалку ќе се загрева.
4. Уште подобро, исклучете го телефонот – ако сте на плажа или на работа, навистина не ви е неопходен.
5. Не играјте игри и не користете мапи – верувале или не, овие две работи ви трошат повеќе од 70 проценти од батеријата. Кога температурата ќе го помине 32 – от степен, поштедете го, дури и ако смртно се досадувате.
6. Не го оставајте во автомобилот – Воздухот во автомобилот брзо се загрева, а уште ако сте го оставиле телефонот на сонце во автомобилот, по неколку часа можете да се простите од екранот.
7. Немојте да го полните ако надвор е топло – освен ако имате начин да го ставите во студена просторија.
Еве како жештината може да му наштети на телефонот
– Користењето на телефонот на екстремна температура може да влијае на процесорот, но и екраните чувствителни на допир. LCD екраните можат да бидат оштетени со појавата на сенки и промената на светлината на дисплејот.
– Ќелијата на батериите може да биде оштетена ако уредот се користи на екстремна жештина, со што се скратува нејзиниот рок на траење.
– Телефоните со мателни компонентни можат да се прегреат во текот на изложеноста на сонце и да предизвикаат изгореници на рацете.