На сите ни се случило.
Грдите мозолчиња покрај нагрдувањето на изгледот на мазната кожа, не мамат да ги „чепкаме“ и често да направиме поголема штета отколку корист. Еве што треба да направите за да не дојде до нивна појава.
Клучот се крие во тоа што пред пред депилација со восок или по бричење со жилет да оставате излез за фоликулата на влакното. А тоа можете да го постигнете со помош на пилиг кој самите ќе го подготвите.
Во сад ставете една четвртина чаша кафеав шеќер и измешајте го со една четвртина мед- природна хидратантна крема која ќе го омекне надворешниот слој на кожата, но и ќе спречи појава на мозолчиња.
Во случај да се појават неколку мозолчиња, можете да употребите и масло од лаванда, за да го ублажите црвенилото и иритацијата која ќе се појави заедно со мозолчињата.