Како да се збогатиш од повраќаница на кит

AmbergrisHeader_1024[1]

Пред околу една недела, тројца рибари од Оман сериозно се опарија кога случајно „уловија“ прекрасно-грозен примерок од 2.5+ милиони долари вредна стврдната повраќаница од кит.

Еден од рибарите, Калид ал-Синани, вели дека го нашле масивното парче, тешко 80 килограми, како лебди на површината на океанот, додека се враќале кон Киријат.

„Порано ми имаа кажано дека има лош мирис, но по неколку дена почнува да ослободува пријатен мирис“, вели Синани.

Океј, ама скоро 3 милиони долари пријатен мирис?

Да. Повраќаницата од кит не е обична повраќаница – се нарекува амбергрис, и всушност претставува многу барана состојка за производство на скапите парфеми. Од една страна, амбергрисот прави мирисот да трае подолго, а од друга – не е лесно да се докачите до разни секрети излачени во внатрешноста на кит, нели?

Иако го викаат повраќаница, научниците не се баш на чисто како всушност треба да ја класифицираат оваа супстанца што наликува на восок.

Како и да е, се смета дека се лачи во стомаците и цревата на китовите, и им помага да ги слепат објектите и храната што не можат да ја сварат. Така слепени, китовите или ги исфрлаат преку изметот, или ги повраќаат во вака цврсто парче (две подеднакво грозни варијанти). Така исфрлен, амбергрисот испливува на површината, па затоа и го нарекуваат „пливачко злато“.

Вака изгледа уловот на тројцата рибари.
Вака изгледа уловот на тројцата рибари.

Синани вели дека трговци од Саудиска Арабија и ОАЕ веќе му понудиле цена од 19.500 долари по кило, но тој чека да добие понуда од 35.000 долари по килограм.

Други двајца рибари од Оман лани продадоа парче амбергрис од 13 килограми за 210.000 долари, откако најдоа тело на мртов кит на брегот во провинцијата Сада.

Синани вели дека ќе го почека исходот од продажбата, но веќе размислува за смена на професијата. Ако сé оди по планот, тој планира да влезе во пазарот со недвижности, со тоа обезбедувајќи подобар живот за своето семејство.

 

- Реклама -