Битлси беа номинирани во категориите „најдобра плоча“, која се смета за прва и најважна награда Греми, но и во категоријата најдобра рок изведба (снимка) за песната. Во двата случаи, станува збор за плочата/видеото за песната „Now and Then“, позната меѓу другото и по тоа што главниот вокал за неа (Џон Ленон) беше одвоен и „исчистен“ од старо демо, користејќи технологии за вештачка интелигенција.
Стоунс, пак, имаат само една номинација, за најдобар рок албум – „Hackney Diamonds“, кој излезе во 2023 година, но при крајот на годината, па не влезе во конкуренција за Греми 2024 година.
Ветераните на светската музичка сцена, се разбира, не се фаворити за освојување на престижни музички награди и мали се шансите да ги освојат.
Во главната конкуренција се „ѕверовите“ на денешницата Бијонсе, Тејлор Свифт, Сабрина Карпентер, Били Ајлиш, Кедрик Ламар….
Со вкупно 11 номинации, Бијонсе стана апсолутна рекордерка по бројот на номинации за наградите Греми и достигна неверојатна бројка од 99 во досегашната кариера, убедливо надминувајќи го својот сопруг Џеј Зи, кој остана на 88 години.
Сите други главни фаворити за наградите, вклучително и Тејлор Свифт, имаат по 6-7 номинации.
Наградите ќе бидат доделени на церемонија на 2 февруари следната година, во Crypto.com арената во Лос Анџелес.