Како да се одвикнете од грицкањето на ноктите?

Многумина тврдат дека оваа навика е потешко да се откаже отколку цигарите. Најчесто поттикнато од стресот, грицкањето на ноктите освен што изгледа непривлечно е и мошне нездраво. Имено, голем број бактерии се внесуваат во организмот благодарение на оваа грда навика, од која можете да се одвикнате со следните три трикови.

1. Премачкајте ги ноктите со нешто што има горчлив вкус или непријатен мирис

Лутите зачини, рибиното масло или одредени креми за раце се одлични опции кои ќе ги држат вашите прсти подалеку од устата.

Woman biting nails, close-up, selective focus, canon 1Ds mark III

2. Постојано правете нешто со рацете 

Вежбајте, стискајте некакво топче или префрлувајте си монети од еден на друг прст. На овој начин освен што постојано ќе ги држите прстите зафатени, ќе се олободите и од стресот.

3. Фотографијата од вашите нокти држете ја блиску до вас

Фотографирајте ги вашите нокти во нивното најлошо и најдобро светло. Ваквата постојана свесност за тоа како вашите нокти некогаш изгледале, лесно може да продре во вашата потсвест.

 

- Реклама -