Летото е се побиску, па излегувањата со пријателите во природа се случува почесто од вообичаено. Доколку во топлите денови заминете на некоја ливада, планина или село, имајте предвид дека треба да внимавате на средбите со змии. Без разлика на тоа каква е, дали е отровна или не, држете се настрана.
Доколку ве касне змија:
1. Веднаш измијте го местото со вода и сапун.
2. Држете ја раната пониско од нивото на срцето и со завој или друго платно подврзете ја раната 10 сантиметри над местото на каснување. Така ќе го успорите ширењето на отровот. Сепак, немојте премногу да го стегнете телото бидејќи ќе го запрете дотокот на крв. Нека завојот биде толку стегнат да можете да провлечете прст.
3. Што побрзо отидете на доктор и секое каснување доживејте го опасно.
Што не би требало да правите?
1. Не сечете ја раната
2. Не “цицајте” го отровот
3. Не ставајте мраз на раната
4. Немојте да паничите