Како да откриете нова музика на интернет

custom.jpg Во овој случај изгледа важи тоа дека интернетот го презема приматот над другите медиуми (во изумирање?) како магазините, музичките телевизиски канали и радиото. Денес интернетот им нуди повеќе моќ на своите корисници за тие да го развиваат својот музички вкус и да дојдат до нови информации. Еве неколку предлози како на интернет да откриете нова музика по ваш вкус.

Во овој случај изгледа важи тоа дека интернетот го презема приматот наддругите медиуми (во изумирање?) како магазините, музичките телевизискиканали и радиото. Денес интернетот им нуди повеќе моќ на своитекорисници за тие да го развиваат својот музички вкус и да дојдат донови информации. Еве неколку предлози како на интернет да откриете новамузика по ваш вкус.

Сервиси за препорака
custom_picture_23.jpg

Ваквите сервиси како Pandora, Rhapsody и Last.fm ви ја олеснуваат работата такашто тие го прават откривањето наместо вас. Според вашите омилени групи и песни и вашиот фидбек за она што ви се допаѓа, а што не, тие ги рафинираат и подобруваат нивните препораки.

MySpace и Twitter
custom_picture_24.jpg

Без разлика каков е вашиот став околу социјалните заедници, Мајспејс е златен рудник за некој кој сака да открие нова музика. Големите имиња како и малите, го користат Мајспејс за промовирање на својата нова музика, па, така, на профилите на вашите омилени музички артисти можете да ги слушните нивните нови, некогаш сé уште неиздадени, траки, а можете да откриете и многу нови имиња во нивната листа на пријатели, кои најчесто се музичари.

Што се однесува на Твитер, се повеќе музичари и други луѓе поврзани со музиката го користат овој сервис за да ги споделат своите мисли  за музиката која ја слушаат. Луѓе како Questlove од The Root или Sasha Frere-Jones кој пишува за The New Yorker.

Онлајн музички медиуми
custom-picture_30.jpg

Големите музички магазини како Rolling Stone и The Source, кои порани беа влијателни и почитувани заради
нивниот вкус или начинот на пишување сé повеќе се комерцијализираат. Заради тоа музичките конзументи се свртија кон музичките блогови како (поголемите и попознатите) Pitchfork, Stereogum , Gorilla vs Bear и (оние помалите) The Fader, Xlr8r , Valerie кои секогаш се со поглед напред во она што е следно во музиката наместо она што е актуелно.
Разгледувањето и откривањето нова музика на овие веб страници одзема многу време, такашто потребно е да сте вистински посветен музички фан за да се зафатите со тоа.

- Реклама -