Како да откриете дали некој ве лаже

искреностНереално е да очекуваме од секого постојано да ја кажува вистината, но никој не би сакал да биде излажан. Дали се сомневате дека некој ве лаже, но никако не можете да бидете сигурни? Еве ви неколку знаци кои ќе ви откријат дека некој ве лаже.

Нереално е да очекуваме од секого постојано да ја кажува вистината, но никој не би сакал да биде излажан. Дали се сомневате дека некој ве лаже, но никако не можете да бидете сигурни? Еве ви неколку знаци кои ќе ви откријат дека некој ве лаже.

искреностКако зборува вашиот соговорник?
Иако промена во гласот би можело да биде сигнал дека вашиот соговорник лаже, експертите советуваат дека за да бидете сигурни треба да посветите малку повеќе внимание на брзината на зборување и начинот на дишење. Ако една од овие работи се забрза или забави, тогаш најверојатно ве лажат.

Што зборува вашиот соговорник?
Оние кои лажат имаат тенденција да избегнуваат зборови како „но“, „ниту“ и „освен“ бидејќи кога лажеме потешко формираме комплицирани мисли. Исто така, лажговците не ги употребуваат зборовите „јас“ и „мое“. Во обидот да се одалечат себеси на психолошко ниво од лагата која ја кажуваат, тие најчесто користат помалку лични заменки.

Што кажува неговото лице?
Можеби мислите дека е лесно да се сокријат вистинските чувства со помош на насмевка, но изразите кои се појавуваат на вашето лице ќе откријат за што размислувате. Експертите советуваат да посветите внимание на микро-изразите кои не можат да се сокријат. Но, овие изрази се толку тешки за забележување што дури ни на експертите не им успева секогаш.

Како се смее?
Насмевката некогаш може да ги прикрие вистинските чувства. Посветете повеќе внимание на тоа како личноста се смее, но и на движењата на другите мускули на лицето. Можеби ќе можете да откриете емоции кои личноста се обидува да ги прикрие, како страв, гнев или ужаснатост. Вистинската насмевка ги опфаќа и мускулите околу усните и оние околу очите.

Дали говорот на телото се согласува со приказната?
Многу е важно да го процените однесувањето на личноста, бидејќи не постои еден единствен знак дека некој лаже. Искреноста се одликува со целосна усогласеност на повеќе карактеристики, па покрај ставот, внимавајте и на односот помеѓу изразот на лицето, положбата на телото и говорот.

Дали вашиот соговорник се однесува некарактеристично?
Експертите веруваат дека промена во основните параметри – општиот начин на однесување – налага повеќе внимание од ваша страна. Треба да ги процените брзината на говор, висината на гласот, ставот, и гестикулацијата во однос на контекстот на ситуацијата.

Дали е прашњето едноставно или незгодно?
Ако личноста го одврати погледот при незгодно прашање, тоа е нормално. Но, ако личноста избегнува да ве погледне при едноставно прашање, нормално е да се сомневате дека нешто не е во ред.

- Реклама -