Како да отклучиш туѓ Android телефон? Пробајте со Viber (видео)

Експерти од фирмата Bkav ја открија слабоста на Viber, популарната апликација што им овозможува на корисниците бесплатно да разговараат и да испраќаат пораки и фотографии. Благодарение на оваа слабост хакерите може да ја пробијат заштитата на заклучениот екран на Android телефоните и да добијат целосен пристап до уредот.

Според податоците на сајтот на Viber, апликацијата има над 100 милиони корисници кои може да бидат загрозени.

Во зависнот од смарт телефонот, за напад е потребно да се испрати порака или да се повика „жртвата“ така што ќе се појави pop-up порака на екранот или ќе се забележи пропуштен повик. Кога се појавува пораката или известувањето за пропуштениот повик, со допир на екранот се појавува виртуелна тастатура на екранот на нападнатиот телефон. Кога ќе се појави виртуелната тастатура, потребен е пропуштен повик или стискање на копчето Back.

Во тој момент телефонот се отклучува и напаѓачот има целосен пристап до уредот.

За HTC Sensation XE, потребен е пропуштен повик да се отклучи екранот, додека за отклучување на екраните на Samsung Galaxy S2, Google Nexus 4 и Sony Xperia Z, потребно е да се стисне копчето Back.

Bkav го известил Viber за овој недостаток уште минатата недела, но нема одговор.

Со оглед на природата на нападот, корисниците може да се заштитат така што ќе водат сметка телефонот секогаш да им биде во близина.

[youtube]http://youtu.be/JQhNMJpAlto[/youtube]

 

[youtube]http://youtu.be/gSB1MvGFfB4[/youtube]

 

[youtube]http://youtu.be/rScheIQDD0k[/youtube]

 

[youtube]http://youtu.be/tb4y_1cz8WY[/youtube]

- Реклама -