Како да не му дадеш: Секс совети од 19-ти век

udvaranje_19_vek[1]

Страст и задоволство во бракот? Никако! А ако веќе сексуалниот однос не може да биде избегнат, тогаш сопругата јасно треба да покаже дека се согласила против своја волја. Парадоксално, ама во 19-ти век ова бил пожелниот начин на однесување.

И така, настанал прирачникот на Рут Смидерс со наслов „Сексуални совети за сопружници“ од 1894 година. Еве дел од нив:

Одбивање

„Внимание: Ако не ги одбиете, мажите секојдневно ќе бараат секс. Задолжително спротивставете се!“

Пасивност како реакција на упорноста

„Ако мажот проба да ве бакне во устата, задолжително свртете ја главата за, наместо во уста, да ве бакне во образ“.

Главоболка 

„Заморот и главоболката се најдобриот пријател на жената! Најдобро е да одглумите мигрена навечер, еден час пред да одите на спиење“.

Голотија? По никоја цена

„Никогаш не излегувајте голи пред сопругот! Така без потреба ќе му ја разбудите желбата!“

Изгасете светло

„Ако веќе не можете да избегнете секс, изгасете ги сите светла во спалната соба. Бидете мирни, можеби ќе се заплетка и повреди на пат до креветот, а вие ќе избегнете несреќа“.

Правете се мртви

„Ако дојде до однос, тоа треба да се одвива во потполн мрак. Правете се мртви. И најмалото движење може да сугерира дека уживате“.

Без романтика

„Чинот не смее да биде нималку романтичен. Дозволете му само да ви ја подигне ноќницата до колковите, а тој смее да го откопча само копчето на долниот дел од пижамите“.

Зборувајте!

„Во текот на односот или не проговорувајте ни збор, или непрекинато зборувајте за куќните работи“.

Свртете ја главата!

„Мажите се по природа перверзни, па повремено ќе посакаат својата гадост да ја приближат до вашата уста. Задолжително и упорно вртете ја главата на страна“.

Не му давајте да заспие

„По сексуалниот чин, како интелигентна сопруга, ваше е да спречите мажот мирно да заспие. Досаѓајте му за тоа што сé треба да направи следниот ден“.

seks_saveti_knjiga[1]

- Реклама -