Најдобиот начин за да користите гел од алое вера е да знаете од каде доаѓа и да го земете директно од изворот за да знаете дека е 100% свежо, 100% природно полно со хранливи материи.
Голем број на продукти за домашна нега на кожа е базирани на алое вера гел, па зошто да не направите самите свој.
Алое растението брзо расте и се приширува на повеќе растнија. Ова е вистинската убавина на растението алое. Тоа е неверојатно лековито како и плодно! Погледнете како да направите самите домашен алое вера гел:
¼ чаша свежо алое
1/8 лажичка лимонска киселина (во делот за конзервирање)
¼ лажичка витамин Е масло
1 лажица масло од кокос
Отстранете ја состојката од алое лисјата. Најлесниот начин за ова е со пресекување на листот од горе до доле само отстранувајќи еден слој на корупката. Користете лажица за да ја извадите течноста од растението (ако го оставите една минута, ќе можете да исцедите дополнителен сок од растението, кое е жално да не се искорити до крај).
Во блендер ставете ги сите состојки. Блендајте додека сите состојки не се соеднинат во течна смеса. Лимонската киселина и витаминот Е делуваат како конзерванси, па затоа лимонската киселина е опциона.
Ставете ја смесата во мал (добро затворен) сад во фрижидер и оставете ја најмалку еден месец.
Овој гел е одличен за изгореници. Може да се користи и како дел од други рецепти со алое вера.