Чоколадните јајца се омилени меѓу нас и во последно време се многу популарни брачните предлози со скриен прстен во нивната шуплина.
Но наместо прстен, можете да ставите се што ќе ви падне на ум – слатка белешка, мал подарок или нешто што му значи премногу на оној кому му подарувате.
Како да направите ваше изненадување?
Чекор 1:
Отпакувајте го внимателно јајцето, за да не ја оштетите обвивката, и потоа да може да ја вратите како што беше.
Чекор 2:
Поделете ги внимателно двете половини на јајцето, без да ги искршите на повеќе парчиња.
Чекор 3:
Извадете ја играчката и ставете го вашето изненадување внатре.
Чекор 4:
Со мокар нож поминете малку низ работ на двете половини од чоколадото, за малку да се стопи. Потоа залепете ги двете половини и почекајте добро да се соединат.
Чекор 5:
Вратете ја обвивката на јајцето, за да изгледа како никогаш да не било отворено.