Како да ја забрзате работата на мозокот?

Колку често ви се случува да ја заборавите лозинката на вашиот меил, роденденот на вашата тетка или да поминувате време наоѓајќи оптимално решение за последниот проект на работа?

Несомнено е дека и на вашите ментални способности им е потребен тренинг. Бидејќи мозокот е „мек“ орган ви предлагаме неколку методи како да ја подобрите менталната работоспособност!

Хранете се со природни антиоксиданти

Исто како и на желудникот така и на мозокот му е потребна здрава исхрана, но не брзајте да купувате синтетички витамини. Според експертите зачинот кари делува полезно на вашата меморија и е превентива при спречувањето на Алцхајмеровата болест.

tumblr_mdxqiriiOi1rcrkyzo1_500

Природните антиоксиданти се неопходни, а нив најмногу ќе ги најдете во сокот од калинка за кој се смета дека е способен да ги ублажи траумите на мозокот од самото раѓање.

Од зачините не заборавајте во исхраната да ги вклучите босилекот, рузмаринот, жалфијата, темјанот, а од овошјето јаболката, јагодите, шипинките, а од останатите намирници брокулите, рибата, маслиновото масло итн.

Бидете физички активни

Физичката активност го овозможува создавањето на нови клеики во хипоталамусот кој е одговорен за формирањето на емоциите и консолидација на меморијата.

Група германски истражувачи докажале дека по 30 минутно трчање нивото на концентрација двојно се зголемува. Постарите луѓе кои водат активен живот за 40 % подобро се ориентираат во просторот. Кога организмот троши повеќе енергија на физичката активност на мозокот му останува помалку енергија поради што реагира побрзо.

running woman

Решавајте ребуси и крстозбори

Решавањето на ребуси и крстозбори го намалува ризикот од Алцхајмерова болест и склероза. Затоа не прекорувајте се што во текот на денот губите време играјки судоку на талефон. Според многубројните истражувања разните сложувалки и кростозбори се добри за нашиот мозок.

Бидете во друштво

Осаменоста е штетна за мозокот. Според многубројните истражувања личностите кои живеат со партнер имаат 50 % помали шанси за оштетувањето на меморијата во подоцнежните години.

fabulous-social-life

Еве ги и другите методи кои се особено корисни!

Учете странски јазик

Играјте си со деца

Медитирајте и овозможете си масажа

Пијте кафе или зелен чај

Научете ги телефонските броеви на најблиските напамет

Посетете изложба, концерт или театарска претстава

Слушајте го Моцарт

Читајте го Шекспир

Направете рачна изработка

Играјте салса

Купете блуза или шал во жолта, портокалова или црвена боја

Пишувајте со пенкало

- Реклама -