Како да ја продолжите свежината на лебот?

Повеќе не морате да се плашите дали вишокот од леб ќе се исуши. Еве еден начин да ја продолжите свежината на лебот.

Ако сте купиле поголема количина на леб или едноставно имате вишок од оваа намирница, најважно е да го чувате на собна температура. Доколку се одлучите да го замрзнете имајте на ум дека лебот може да стои во замрзнувч најмногу шест месеци.

За да ви остане подолго лебот свеж, ќе ви помогне целерот. Имено, лебот ставете го во пластична кеса и додадете му стебленце целер. На тој начин, целерот ќе му пружи дополнителна влага и нема да се исуши. Инаку, стеблата од целер немаат силен мирис, па тој нема да ја промени аромата.

- Реклама -