Скршената камена пудра или сенка за очи е честа појава која за дамите претставува вистинска фрустрација. Не само што ќе ви го отежне нанесувањето на шминката на лицето, туку и постојано ќе се сронува на поситни делови и со тоа ќе трае пократко.
Доколку сакате да ја поправите настанатата штета, имаме предлог – едноставно додадете малку етанол во шминката.
Етанолот нема да го промени нејзиниот состав, а ќе го реши проблемот. Овој трик можете да го примените на бронзери, руменила, или било кој друг вид на шминка во облик на камена пудра.