Како да ја обоите вашата маица со помош на овошен чај?

Коралната боја и пастелно розовата или попозната како пудра боја, се нијансите кои ќе ја одбележат оваа пролетна сезона, а продавниците се веќе преполни со гардероба во овие нежни тонови. Доколку сакате да го збогатите вашиот ормар со едно вакво парче, не брзајте веднаш во продавниците, туку обидете се самите ја ги рециклирате старите маици кои веќе ви се здодевни.

Потребни состојки:

– Бела или кремаста памучна маица или кошула
– 7 лажици сол
– овошен чај (шумско овошје, вишна, брусница, јагода, рибизла и слични црвени овошки)
– тенџере
– цедилка
– 2 литри вода
– сад

60941857

Постапка:

1. Во садот истурете еден литар топла вода, додадете сол и добро измешајте додека не се раствори.

2. Ставете ја маицата или кошулата да накисне околу еден час.

3. Во тенџерето ставете литар вода, загрејте ја се додека не зоврие, и на крајот додадете околу 10 кесички чај.

4. Оставете уште малку да проврие, тргнете го тенџерето од оганот, и оставете да отстои околу 5 минути. Потоа, отстранете ги чајните кесички.

5. Тргнете ја маицата од солената вода, нежно исцедете ја и преместете ја во чајот. Оставете ја да отстои во смесата околу еден час.

clothing-cute-pastel-pink-rack-Favim.com-46838

Совети:

1. Колку повеќе кесички од чај користите, толку ќе бидат поинтензивни боите.

2. Доколку сакате да добиете пастелни нијанси на кафена, наместо Кесички од овошен чај вметнете 6 лажици кафе и повторете ја истата постапка.

- Реклама -