Како да изгледате добро на фотографија

fotoАко сакате да направите добра фотографија за вашиот профил на Интернет или од некој за вас важен настан, или едноставно сакате неколку добри фотографии од вас, вашето семејство и пријатели, а не сакате да ги манипулирате истите со разни компјутерски програми, ви откриваме неколку трикови на професионалните фотографи, меѓу кои е и Josh Kessler, познат фотограф на светските ѕвезди.


woman-taking-self-portraitАко сакате да направите добра фотографија за вашиот профил на Интернет или од некој за вас важен настан, или едноставно сакате неколку добри фотографии од вас, вашето семејство и пријатели, а не сакате да ги манипулирате истите со разни компјутерски програми, ви откриваме неколку трикови на професионалните фотографи, меѓу кои е и Josh Kessler, познат фотограф на светските ѕвезди.

Прво и основно, за добра фотографија најдобро е да се улови спонтан, природен момент, но во секој случај можете да ги примените и следниве корисни совети на Josh Kessler.

Ако имате издолжено лице: Насоката на светлината може да го измени изгледот на вашето лице. Најдобро е светлото да доаѓа одозгора, над фотоапаратот бидејќи така лицето ќе ви изгледа позаоблено.

Ако имате широко или заоблено лице: Повторно светлината. Нејзиниот извор нека биде од страна и малку повисоко.

Ако мислите дека на фотографиите изгледате покрупно: Најдобро е да ги користите телефото леќите на апаратот. Тие имаат ефект на „тенчење“. Широкоаголните леќи го прават токму спротивното.

Ако сакате кожата да ви изгледа мазно: Прво, избегнувајте црвена позадина за да не го нагласувате црвенилото на лицето. Второ, колку ви е поблиску изворот на светлина и поголем, толку повеќе вашиот тен ќе изгледа мазно и затегнато, а и „самата светлина ќе ви ласка“.

Ако имате подочњаци: Користете блиц, дури и во текот на денот. Ако фотографирате во попладневните часови кога сонцето е највисоко, блицот ќе го неутрализира темниот дел под очите. Не би било лошо да имате и рефлектирачка хартија или фолија со што уште повеќе ќе ја насочите светлината кон лицето и ќе ги отстраните темните сенки на него.

Ако имате бледо лице: Најдобро е на камерата да имате филтер со ознака 81А за создавање ефект на топли бои (или пробајте да го доловите истиот ефект на Фотошоп) кој на вашето лице ќе му даде природен сјај и боја.

Ако сакате да фотографирате на отворено: За време на сончевите денови сликајте се под сенка. За време на облачните денови искористете го пријатното модро и сивкасто светло. Облаците ја разбиваат сончевата светлина и ја шират па така сонцето станува поширок и поблаг извор на светлина. Еве уште еден трик – сликајте се во периодите на денот кога светлината е најубава или т.н. магичен час – или еден час после изгревањето на сонцето или еден час пред неговото заоѓање. Таа светлина ќе му даде на вашето лице и кожа прекрасен сјај.

Ако сакате да изгледате природно: Често фотографирањето се огрдува со неприродно и здрвено позирање. Обидете е да бидете опуштени и сместете се удобно. Најдобро е да започнете разговор со личноста која ве фотографира за да не размислувате за позите и гримасите.

Уште неколку трикови:
– Редовно постригувајте ја косата и распуканите врвови за таа секогаш да ви изгледа здраво.
– Ако ја боите косата, внимавајте на корените – секогаш нека ви бидат добро прикриени со боја бидејќи на фотографиите разликата се забележува многу лесно.
-Префрлете ја косата преку рамото напред кон градите за да го издолжите лицето и да изгледате повитко.
-Бирајте ја облеката во согласност со фризурата: ролки и високи јаки не изгледаат добро со пуштена коса, а отворени маици не одат заедно со високо подигната коса. Се е во рамнотежата.

- Реклама -