За да би изгледала кожата посвежо и да би ги отстраниле изумрените ќелии, од време на време би требало да направите темелен пилинг на лицето и телото.
Со секојдневна нега на кожата, два пати неделно е потребно да направите пилинг кој со лесна масажа ќе даде сјајни резултати. Кожата ќе ви биде негувана, мека и повторно ќе заблеска. За подобар пилинг, користете пешкир или ракавица. Тие со нивната текстура воедно и ќе ја масираат кожата.
Еве кои чекори треба да ги следите:
1. Пред самиот пилинг на кожата нанесете масло.
2. Потоа, со сув пешкир и лесни движења масирајте го телото од стапалата нагоре.
3. После ова, влезете под туш и на телото нанесете пилинг, најдобро некој од природен шеќер и мед или сол.
4. Со кружни движења масирајте го телото и поттикнете ја циркулацијата, а со пилингот воедно ќе ги отстраните и изумрените ќелии. Посебно внимание обрнете на стапалата, лактовите и колената.
5. Со топла вода и нежен гел измијте го пилингот од кожата.
6. Телото нахранете го со хранлив крем кој е најдобро да го нанесете на влажна кожа.
Најдобро би било да правите пилинг два пати неделно, а потоа да ја истриете кожата со кружни движења од по 30 секунди па измијте со млака вода. Доколку сакате да заштедите на време, можете пилингот да го помешате со гел за туширање и се да направите во исто време.