Ако ви се случи оваа непријатност, постои начин да го спасите вашиот смарфон.
Погледнете неколку совети што можеби ќе ви се најдат, особено за време на летните одмори, кога честопати забораваме да ги испразниме џебовите на шорцевите за капење.
Извадете го телефонот колку што е можно побрзо
Колку време подолго ќе помине телефонот под вода, толку се помали шансите за спас. Затоа место паника или пцовки, реагирајте брзо и извадете го телефонот од водата.
Исклучете го
Штом ќе го извадите телефонот, колку што е можно побрзо исклучете го. На тој начин може да спречите краток спој, кој може да биде фатален за уредот.
Расклопете го
Ако батеријата на телефонот може да се извади, направете го и тоа, а потоа извадете ја и картичката. Ако постојат и други делови што лесно се вадат направете го тоа.
Не го сушете со фен
Сушењето со фен звучи како разумна идеја, но не е препорачливо. Топлината на фенот може да ги уништи внатрешните делови. Иако постојат совети дека е паметно да се стави во замрзнувач, тоа е подеднакво погрешно и штетно како и високата температура.
Ориз или силициум диоксид
Ако вашиот телефон изгледа суво од надвор, не значи дека е сув од внатре. За да ја извлечете останатата влага од него, користите ориз. Најдобро е да наполните некаков сад со сиров ориз и таму да го ставите телефонот за да отстои извесен период. Алтернатива на оризот може да биде силициум диоксидот, кој вообичаено може да го најдете како хартиена кесичка во кутијата со нови кондури.
Кој метод и да го примените, телефонот би требало да стои во садот околу три дена.
Исчистете го убаво
Ако паднал во некоја валкана течност, можно е да треба убаво да го исчистите од внатрешноста. Тоа може да опфаќа работи како расклопување на телефонот и чистење со четкичка натопена во алкохол. Сепак, ваквото расклопување и чистење, може да биде посериозен потфат, па ако ви изгледа комплицирано, можеби е подобро да го дадете на сервис.