Медот нема рок на траење и не може да се расипе. Сепак, со текот на времето, особено ако не е добро затворен и прими влага, медот зашеќерува и формира кристали. За многумина ова е само бонус во уживањето, но ако сте од оние другите, еве како на едноставен начин да го вратите медот во првобитната состојба.
Добро затворете го капакот од теглата и ставете го во поширок сад. Наполнете жешка вода (не мора да врие, водата од бојлер ќе заврши работа) и потопете ја теглата околу 3 четвртини. Внимавајте да не ја потопите целосно, во тој случај резултатите ќе изостанат. Оставете ја да отстои околу 10 минути, а при следната проверка ќе го најдете медот во оригиналната форма.
Како алтернативен метод, можете да ја ставите теглата во микробранова на 10 секунди, со отворен капак, но притоа треба да бидете многу внимателни. Сепак, зошто да ризикувате, кога може вака?