Додека на светот му се заканува најлошата сезона на грип, многу е важно сите вработени да ги преземат неопходните чекори за да се заштитат себе си, но и своите колеги.
Едно истражување покажало дека дури 84 отсто вработени одат на работа кога имаат грип.Скоро 50 отсто од нив не преземаат никакви мерки за да ги заштитат своите колеги. Истражувањата покажале дека најмногу бактерии се кријат на чешмите, кваките и тастатурите. Сите вработени би требало редовно да ги чистат своите работни површини со средства за дезинфекција и да ги мијат рацете по допирање на предметите што сите ги користат. Вработените треба да ги мијат рацете пред секој оброк, по читање магазин и по поздравување со другите колеги.
За да избегнете дехидрација, која заедно со стресот и недостигот на сон го слабее имунитетот, секогаш на вашето работно биро чувајте шише вода.
Исто така, вработените не би требало да го допираат лицето со раце во текот на работното време. Допирањето на очите, носот или устата им дава на бактериите директен пристап до телото.