Форава е толку едноставна, ама ете, во едно три децении живот никој ни ја нема кажано. Сигурни сме дека има уште многу како нас, иако во коментари мрчат „како тоа може некој да не го знае ова“.
Да прејдеме на главното: Ги поставуваш рацете како да ти се маска за нуркање и во таква положба се нурнуваш под површината. Притоа, дел од воздухот останува заробен и создава бариера меѓу очите и водата – практично исто како да имаш цвикери за под вода. А кога воздухот ќе ти „истече“ од рацете додека нуркаш, пак има фора. Доволно е да испуштиш воздух од носот, и меурите повторно ќе завршат на истата позиција (под услов рацете да ти се во истата положба, се разбира).