Понекогаш се случува да не можете да им пристапите на фотографиите и видеата што ги имате закачено на Facebook или пак имате толку многу, што не можете да се снајдете. Сега, Facebook воведува нова опција што ви овозможува да ги симнете сите податоци што ги имате таму (вклучително и пораките), одеднаш.

Со оглед на тоа што ова е нова опција, во моментов сѐ уште не е достапна кај сите корисници, но ако навистина ви е потребна, проверувајте повремено и за кусо време би требало да се појави и кај вас. Еве како функционира:
Потоа, под линкот за Account Security, побарајте линк Download Your Information. Доколку не е таму, проверете повторно следниот ден и бидете трпеливи.
Ако веќе е активиран, тогаш ќе добиете копче Downolad.
По кликањето, ќе добиете уште едно идентично копче со кое треба да ја потврдите намерата.
Потоа треба да кликнете ОК.
Ќе биде потребен одреден временски период за да бидат собрани сите вашите податоци од Facebook: фотографии, видеа, пораки и др. Но, кога фајлот ќе биде подготвен, ќе добиете мејл во кој ќе има линк од каде што ќе можете да го симнете истиот.
Во овој момент, ќе ви биде побарано одново да ја внесете лозинката, за да потврдите оти сте вие.
Потоа едноставно кликате на Download Now и ќе можете да го преземете фајлот. Во зависност од тоа колку податоци имате закачено, може да се случи тој фајл да биде прилично голем, што ќе бара доста време за симнување, а секако, треба да внимавате доколку имате интернет со ограничен сообраќај.
Кога фајлот ќе се симне, ви останува уште да ги извадите сите фајлови од зипот и процедурата е завршена.
Видео водич:
{youtube}8r0egO0x07g{/youtube}