Сигурно некогаш ви се случило да се занесете при користењето на пинцетата и на крајот да завршите со претерано искубани веѓи кои наликуваат на две линии. Доколку во моментов се соочувате со ваков проблем, не очајувајте, бидејќи ние ви нудиме едноставно решение со чија помош ќе ги поправите додека чекате повторно да пораснат.
Еве како:
Потребно ви е:
– сенка за веѓи (или пудра)
– четка за веѓи (што поцврста, толку подобра)
– мала чаша со вода
– стара четка од исушена маскара
– четка за коректор
– коректор
Постапка:
1. Натопете ја четката во сад со вода или едноставно ставете ја под млаз вода директно од чешма.
2. Поминете со неа низ сенката за веѓи, и лесно забришете ја со прст за да го избришете вишокот боја.
3. Со стара четка од маскара исчешлајте ги веѓите во нагорна линија.
4. Започнете од долниот дел на веѓите и следете ја природната линија на влакната се до лакот. Продолжете до крајот, и не се плашете од мало претерување, бидејќи така ќе изгледаат како што биле пред да ги исчупате.
5. Истото направете го и со горниот дел од веѓите, следејќи ја нивната природна линија.
6. Поминувајќи со влажната четка низ сенката, со нежни движења поминете и преку самите веѓи, така што ќе ги пополните евентуалните празнини.
7. Од почетокот па се до лакот на веѓите, исчеткајте ги влакната нагоре. Од лакот па до крајот, чешлајте во надолна линија.
8. Со четка нанесете коректор во должина на целиот долен дел од веѓите.
Тоа е тоа!