Kaко да ги изнервирате, а како да ги расположите хороскопските знаци?

Што треба да направите ако сакате некого да изнервирате, а што доколку сакате да му вратите насмевка на лицето.Еве што вечат ѕвездите на таа тема.

Овен

Ако сакате да го изнервирате овој знак, доволно е да му кажете дека нешто ќе биде направено покасно, од она што тој го очекувал. или, ако му кажете дека нешто не знае. Тоа ќе биде доволно.

Ако сакате да ги расположите, потрудете се да му ласкате како е најдобар ( во било што). Понекогаш и навистина е. Овните воглавно имаат многу самодоверба.

Бик

Ако сакате да го изнервирате доволно е да му кажете дека не ве интересира што прави, тоа веднаш ќе го сфати како да не ви егрижа за него. Исто така, речете му на бикот да не јаде толку слатки, или дека се однесува премногу хедонистички.

Ако сакате да го расположите пофалете го неговиот изглед.

Близнаци

Сакате да го изнервирате? Кажете му дека не треба толку да озборува. Истотака, кажете му дека не е најпаметен на светот, дека не му вредат сите прочитани книнги. „ Малку зборувај, повеќе работи“, ќе го извади од такт.

Ако сакате да го расположите однесете го на „трач партија“, поклонете му го омилениот трач магазин, или некоја добра книга, молив, или гаџет.

Рак

Ако сакате да го изнервирате овој знак, потрудете се да му укажете на некој комплекс. „ Не е добро што си толку поврзана со фамилијата“, е реченицата која никако не сакаат да ја прифатат, но, ниту: „ Би требало да бидеш потолерантен со другите“.

Ако сакате да ги расположите, одете во нивното „гнездо“ и дивете се колку е таму прекрасно.

Лав

Лавот тешко поднесува кога не  е во центарот на внимание. Обидете се да го занемарите во друштво, па ќе видите што ќе ве снајде. Прекинете го додека зборува за сопствените успеси и ќе го изнервирате, најмногу!

Доколку сакате да го расположите само пуштете го да се фали и еден монолог ќе биде доволен за неговото его. Пофалите ја неговата коса или облека, и насмевката на Лавот ќе ве вчудоневиди.

Девица

Сакте да ја изнервирате? Задоцнете, сигурно повеќе нема ни да ве повика ( освен ако мора). Бидете неорганизирани и исфрлете ја од вашиот живот засекогаш.

Ако сакате да ја расположите прашајте ја препорака за книга, каде ја купила облеката или како да го наредите шкафот. Ќе ве обожава!

Вага

Ако сакате да ја изнервирате Вагата, немојте да правите компромиси. Потрудете се да не се оптеретувате со тоа што го мисли Вагата, и контрирајте ѝ. Тоа ќе ја извади од такт. Исто така, притиснете ја Вагата брзо да донесе одлука и ќе видите како ќе се избезуми.

Доколку сакате да ја расположите Вагата, бидете фини, покажете дека сте спремни да се договорите за сè, а неа не заборавајте да ја вклучите во своите планови.

Скорпија

Потрудете се да не ги зборувате работите и деталите за кои е заинтересирана Скорпијата. Гледајте да правите како што Вие сакате и не се правдајте за тоа. Бидете мистериозни и одговарајте на прашањата чија цел е да ве „соголат“. Тоа баш ќе ја изнервира Скорпијата.

Доколку сакате да ја расположите Скорпијата потрудете се да ја задоволите. Не ѝ го одземајте слободното време и не поставувајте премногу прашања.

Стрелец

Доколку сакате да изнервирате некој Стрелец кажете му дека треба нешто да направи, дека повеќе нема одложување. Кажете му на Стрелецот дека е неодговорен и несериозен. Дајде му да заврши некоја досадна работа. нема да биде среќен, никако.

Ако сакате пак да го расположите Стрелецот, дајте му го целото слободно време на светот да прави и создава. Така ќе ги постигне најдобрите можни резултати. Или однесете го на некој пат.

Јарец

Доколку сакате да изнервирате некој Јарец, кажете му дека ќе касните и дека роковите за некоја работа се одложени и преместени за подоцна. Немојте да го пофалувате. Кажете му дека помалку ќе работи и дека нема потреба да останува покасно на работа. Тоа тешко ќе му падне.

Доколку сакате да го расположите Јарецот, тогаш пофалете го за добро извршената работа, за било кој негов или нејзин успех. Оставете го Јарецот да зборува за своите планови, покажете заитересираност за неговиот или нејзиниот „бизнис план“.

Водолија

Ако сакате Водолијата да биде бесна, кажете ѝ да седне и ништо да не работи, да успори. Тоа на неа никако нема да ѝ се допадне. Кажете ѝ дека повеќе нема да се гледате со неа толку многу, дека морате помалку време да поминувате во дружење и забава, тоа нема во никој случај да го прифати.

Ако сакате да ја расположите пак, само немојте да ја иритирате со нелогични изјави и не ја гушите нејзината слобода. Предложете ѝ некоја прошетка, вечера надвор, или наполнете ја куќата со гости.

Риби

Потрудете се да се гледате со Рибата наутро, по можност во сабота или недела, ако сакате да ја нервирате. Потрудете се да одите на Вашето омилено место, а да не се договорите околу искачањето. Зборувајте за здрав живот, и терајте ја Рибата да се храни здраво и така ќе ја изнервирате. Здравиот живот нив апсолутно не ги интересира.

Ако сакате да ја расположите Рибата, отворете шише од омилениот пијалок, или однесете ја Рибата на неколку часовен разговор на кафе, опуштање во кино. Бидете бавни, фини, опуштени. Во ништо не брзајте.

- Реклама -