Ако се чувствувате тегобно секогаш кога одите на работа и одвај го чекате крајот на работното време, потребна ви е промена. Малите чекори и ситните промени понекогаш прават чуда. Погледнете околу себе и уредете го работното место онака како што сакате, променете го односот спрема колегите и организацијата на вашето работно време.
Ако се чувствувате тегобно секогаш кога одите на работа и одвај го чекате крајот на работното време, потребна ви е промена. Малите чекори и ситните промени понекогаш прават чуда. Погледнете околу себе и уредете го работното место онака како што сакате, променете го односот спрема колегите и организацијата на вашето работно време.
– Седете исправено и ќе имате повеќе енергија и ентузијазам. Проверете дали столицата ви е адекватно наместена (посебно обрнете внимание на висината и наслонот).
– Размислете за мали инвестиции кои би ви ја зголемиле удобноста и би допринеле да се чувствувате попријатно (убава ламба за на маса, цвеќе, украси).
– Носете слушалки со себе (Секој пат кога ќе ве фати криза преслушајте ја омилената песна).
– Отстранете ги слатките и грицките од вашиот видеокруг (2-3 чоколадни кекси на ден на крајот на годината ќе се претворат во два и пол килограми).
– Никогаш не велете „да“ преку телефон. (кога некој ќе ве замоли за услуга, речете му дека ќе размислите и повторно ќе му се јавите).
– Не одложувајте го одговорот на проблематичните e-mail-ови и телефонски повици (ако веднаш го сработите она што најмногу ве мачи, ќе се чувствувате подобро во остатокот од денот).
– Бидете искрени спрема себеси и признајте колку всушност работите, а колкав дел од времето „зјапате во празно“.
– Барем еднаш во денот излезете на свеж воздух и ако е возможно прошетајте.
– На секои 50 минути направете десетминутна пауза (научните студии покажуваат дека таквите паузи се неопходни за поквалитетно извршување на работата).
– Не заборавајте да јадете!
– Игнорирајте го нештата на кои не можете да влијаете и кои не ви е неопходно да ги знаете.
– Иако некои тврдат дека приватниот и професионалниот живот треба да бидат строго одвоени, студиите покажуваат дека е пожелно да се склопуваат пријателства на работа бидејќи тие директно влијаат врз задоволството и позитивната енергија.
– Доколку сте сами во работната соба, не заборавајте да поминете одредено време со колегите.
– Обидете се секоја недела да запознавате по еден нов колега од работа (за тоа ви се пружат прилики во лифт, на паркинг, на пауза…).
– Речете им на сите „Добро утро.“
– Одвреме-навреме одете на ручек или пијалок со колегите (подобро ќе се запознаете и ќе дознаете од друга перспектива што се случува на работното место).
– Насмевнете се.