Како да бидете повеќе од мајка?

Мајчинството не е секогаш лесна работа, но понекогаш самите го комплицираме процесот на воспитување со непотребни претензии и правила, кои не носат радост ниту за родителот, ниту пак за детето.

Еве неколку совети кои ќе ја олеснат комуникацијата со детето и ќе ве зближат повеќе.

1. Слушајте повеќе отколку што зборувате. Тајните се откриваат тогаш кога најмалку очекувате. Децата споделуваат, кога не се третирани со сомнеж кон нивните зборови.

2. Читаjте приказни пред спиење. Менувајте ја интонацијата, користете смешни гласови, нека соништата на вашето дете бидат испреплетени со приказни.

3. Бидете поспонтани. Сонцето сјае – излезете да се тркалате по тревата, врне дожд – шлапнете во вирчињата.  Следете ги желбите и недозволувајте да бидете здодевни.

4. Откривајте го светот заедно. Природата може да ни понуди многу повеќе. Облечете гумени чизми, земете лупа или двоглед и барајте пеперутки, жаби… Фотографирајте.

mother-child-relax-fun

5. Смејте се повеќе отколку што ќе зборувате. Животот треба да биде весел.

6. Почесто велете “да”, отколку “не”. Обидете се. Дајте си шанса на себе си, но и на детето.

7. Не грижете се за чистењето, бидејќи најдобрите мајки имаат валкан под, неуредна кујна и среќни деца.

8. Престанете да мислите и едноставно дејствувајте. Животот е полн со уметност, пронајдете свој начин на изразување: пишување, цртање, танцување, пеење, креирање. Не се воздржувајте во налетите на инспирација.

9. Учествувајте повеќе во игрите, а не да бидете само гледач. Бидете активен учесник во животот на вашето дете.

Mother-and-Child-Baking

- Реклама -