Како би поднеле мажите породилни болки?

Одговор на ова необично прашање нуди една кинеска болница.

Една болница во Кина, одлучи на сите заинтересирани мажи да им понуди искуство на болки кои тие ги носат со себе.

Искуството се сведува на електрошокови и сосема е бесплатно, а на необичната идеја дошле откако многу жени се пожалиле на недостаток на сочувство од страна на своите партнери.

Со цел што поверодостојно да ги симулираат болките, на храбрите мажи во долниот абдомен им биле поставени две налепници преку кои добивале електрични импулси кои медицинските сестри ги управувале по пат на компјутер.

Нормално, колку што бил посилен импулсот, односно електрошокот, толку била посилна и контракцијата на мускулите.

Резултатите од овој необичен експеримент покажале како голем број мажи не се во состојба да поднесат породилни болки повеќе од неколку минути, а некои изјавиле дека имале чувство како да им вадат органи од телото. Уште кога би ги испробале менструалните мачнини со кои што се соочуваат жените секој месец и носењето на високи потпетици…

 

- Реклама -