Како би изгледал светот со легализирана марихуана?

mara

Од 19 до 21 април, Генералното собрание на Обединетите нации ќе одржи специјална дискусија на која ќе се зборува за приоритетите и полисите во контролата на дрогата. Очекуваната агенда се очекува да биде почеток на крајот на забраната на „тревата“ на глобално ниво и може да донесе реорганизација на макроекономијата на марихуаната – што би се сметало за добредојдена и позитивна промена со далекусежни ефекти.

Некои држави во САД и земји како Уругвај веќе ја легализираа и регулираа марихуаната, макар што тоа се коси со три интернационални договори по однос на контрола на дрогата. Првиот – „Single Convention on Narcotic Drugs“, беше потпишан во 1961, а денес на него се обврзани 185 земји членки. Договорот предвидува законите на секоја земја да го санкционираат производството, извозот, увозот, дистрибуцијата, тргвоијата, поседувањето и употребата на марихуаната, и да ја ограничат на медицински и научни цели. Марихуаната традиционално се користи во многу култури во светот, но овој договор доведе до тоа многу земји да ја забранат.

Тешко дека исходот на специјалната сесија ќе биде глобална легализација на марихуаната, но главниот фокус се менува кон минимализирање на „штетата од нелегалната марихуана“, наместо нејзино „истребување“. Како и да е, светот се повеќе го омекнува ставот кон марихуаната, па со право можеме да почнеме да размислуваме на темата: Како би изгледал светот ако биде легализирана глобално?

За одгледувачите на марихуана, многу лошо – смета Марк Клејман – ксперт за полиси околу дрогата на универзитетот во Њујорк.

„Помисли на еден џоинте. Направен е од малку сув материјал од растение, во мала хартиена обвивка. Тоа во многу звучи како ќесичка чај. Колку чини ќесичка чај во супермаркет? 2 центи? Е тоа е производната цена на џоинтот, а не 4 долари, колку што е грубо цената на количината канабис потребна за еден модерен џоинт. Така, можеме да очекуваме голема промена во цената на тревата“, објаснува Клејман.

Дефинитивно, криминалните организации се тие што извлекуваат најголема корист од напумпаната цена на канабисот, но за (релативно тазе легализираните) фармерите во Калифорнија и селаните кои одгледуваат марихуана во Демократска република Конго, на пример, секакво нормализирање на цената на канабисот, потенцијално, би имало огромен негативен ефект врз нивните животи.

Во Калифорнија, додуша, фармерите се обидуваат да ги оправдаат високите цени преку разликата на квалитетот помеѓу сопствените производи, кои наводно ги има со различен степен на квалитет. Но, во Конго – земја опустошена од граѓански војни и природни катастрофи, можностите за маневрирање околу квалитетот се речиси никакви, а криминалниот статус на марихуаната им овозможува на жителите на сиромашните региони да имаат еден скромен живот.

Така е и во Кивује, мало село во источниот дел на Конго. Селото е под контрола на Демократските сили за либерализација на Руанда (FDLR) – озлогласена бунтовничка група започната од милитантите кои го спроведоа геноцидот во соседна Руанда. FLDR не се замара премногу со трговијата со марихуана што им се одвива пред носот, бидејќи од главен интерес им се златото и ретките минерали. Ама за тамошните селани кои го одгледуваат, канабисот е „златна кокошка“.

Кога ќе го прашате Мвембо, фармер, зошто тој и другите во Кивује одгледуваат марихуана, тој ќе одговори: „Затоа што ни овозможува да купиме основни комодитети како сол или сапун. Како што можеш да видиш, можев да ја исперам оваа јакна што ја носам само благодарение на тоа што ја купуваат мојата трева. Кога на моите деца им треба облека, можам да соберам пари и да им купам. Затоа го правиме ова“.

Сепак, многумина мислат дека легализацијата на марихуаната е недвосмислено добро, а така покажуваат и некои економии во земјите каде што истата беше спроведена. Сепак, како и со сé друго, и со легализацијата „на едни ќе им се стемни, додека на други ќе им се раздени“.

- Реклама -