Како бебето се навикнува на допир уште во стомакот? (Фото)

Бебињата се учат на мимики и движења уште во стомакот, а начинот на кој се движат може да биде показател за тоа како психички и физички се развиваат.

Научниците сметаат дека бебето учи да предвиди допир, така што напрво почнува да реагира на допирот на сопствените раце.

1

„Зголемувањето на допири по долниот дел од лицето и устата кај фетусот можат да бидат индикатор за развојот на делот од мозокот задолжен за друштвената интеракција и хранење“, вели др. Наџа Рејсланд, која го спровела истражувањето. Нејзиниот тим од научници користел 4D ултразвук, со што би ги снимил овие осум девојчиња и седум момчиња, еднаш месечно меѓу 24 и 36 недела од бременоста.

2

И момчињата и девојчињата покажале иста брзина во текот на студијата.

Истражувањето е објавено во весникот Developmental Psychobiology.

3

- Реклама -