Како Американците се опарија од најголемиот грабеж на банка во историјата, извршен со парче хартија

Кога американските војници прв пат влегоа во Багдад на почетокот на април во 2003 година, ирачката централна банка веќе била главно испразнета. Делумно, тоа било дело на ситни пљачкаши, кои се опариле со најголемиот дел од националните валутни резерви. Но овие ситни лопови не успеале да влезат во најголемите трезори и сефови каде што се чувале најголемиот дел од парите.

Не дека таму ќе нашле многу. Нешто порано тие биле испразнети при еден од најголемите грабежи на банки во историјата. Од банкарските трезори исчезнале милијарда и повеќе долари, преку ноќ.

Имено, во раните утрински часови на 18 март истата година, до банката се доближиле три камиони. Еден човек покажал парче хартија со потпис, и грабежот можел да започне.

Товарењето на 900-те милиони долари и 100-те милиони евра, сите уредно спакувани во метални кутии, траело неколку часа.

Човекот со „папирот“ бил Кусај Хусеин (Qusay Hussein), а потписот бил на тогашниот ирачки диктатор – татко му Садам Хусеин. На парчето пишувало само дека треба да се извлечат „толку и толку“ пари, за да не паднат во рацете на странските окупатори. А „еднаш штом добиете наредба од Садам, не се расправате околу таа одлука“, изјави подоцна за New York Times еден од високите службеници.

Кога Американците дознале дека четвртина од готовинските резерви исчезнале од централната банка, со право почнале да се прашуваат како тие пари ќе бидат искористени од Садам. Најголемиот страв бил дека Садам ќе финансира герилско војување против Американците.

Меѓутоа, кога во палатата на другиот син на Садам – Удај Хусеин, се најдени 650 милиони долари во кеш, Американците помислиле дека пронашле најголем дел од украдените пари. Сепак, подоцна се покажало дека се работи за приватна залиха на Удај Хусеин. Потрагата по парите од централната банка повторно заживеала.

Наскоро Американците им влегуваат на парите во трага, откако во една од палатите на Садам се најдени неколку стотина милиони долари. Парите се пратени во Кувајт, каде што требало да бидат пребројани, за да се утврди колку точно има. Оттаму приказната добива очекуван заплет.

Официјален Вашингтон побарал враќање на парите во централната банка, од каде што биле и земени. Но, на крајот американските власти во Ирак одлучуваат да ги запленат парите и да ги поделат според своето сопствено убедување.

Нешто подоцна, стотина илјади долари се појавуваат на сметките на војникот Ричард Фулер, кој бил задолжен за броење на парите во Фалуаџ. Капетанот Мајкл Нгујен слично така „изгубил“ околу 700.000 долари, но ги разгорил сомнежите кога по враќањето од Ирак дома во Орегон купил BMW и Hummer.

На крајот вкупноп повеќе од 30 американски војници се осудени поради слични кражби. Никој не знае уште колку од парите украдени од централната ирачка банка се завршени во нечии туѓи џебови.

Извор: Express.hr

- Реклама -