Денес, под перење пари се подразбира било кој процес кој ги „чисти“ илегално стекнатите богатства од нивното „валкано“ криминално потекло, и со тоа овозможува нивно користење во легалната економија.
Што има заедничко Ал Капоне со изразот? Кога прочуениот американски гангстер барал начини да ги „тунелира“ заработените пари од изнудување, коцкање, бордели и сл. во сферата на легалното, се одлучил за пералници за облека (ландромати). Буквално. Кешот што се слевал во овој негов „бизнис“ бил тежок за следење, што значело дека Капоне можел да „прошверцува“ големи суми во и низ легалниот систем, без притоа да биде откриен.
Но Капоне, иако заслужен за денешниот израз „перење пари“, не бил првиот што перел пари. Историјата е многу постара од тоа. Повеќе во видеото: