Кајри Ирвинг бара прошка: Земјата не е рамна, бев заблуден од теории на завери

Лани НБА ѕвездата и кошаркар на Бостон Селтикс дополнително се прослави, за жал, по неговите изјави кои немаа многу врска со кошарката, ама дефинитивно имаа врска со топка.

„Не е ни теорија на заговор. Земјата е рамна плоча. Ви велам, вистината ни е пред носот. Нé лажат. Нема други информации освен оние што тие ни ги даваат. Истражував и сфатив дека не постои вистинска фотографија од Земјата. Не биле на Месечината од 1961 или 1969 година. Тоа станува завера“, убедуваше Ирвинг.

Сега, година дена подоцна (а во меѓувреме и подвигот на Space X кога во февруари ја испратија куклата Starman и Tesla-та на Илон Маск кон вселената), кошаркарот на Бостон очигледно веќе не се сложува со ланскиот Кајри Ирвинг.

„Бев под влијание на теориите на завери. Сите веруваа во нешто, и се прашуваа што се случува со нашиот свет. Тогаш сте невини и наивни во сето тоа, но (со време) сфаќате колкаво е влијанието на одредени зборови. Јас всушност сум доста паметна особа, но тогаш не бев свесен за ефектот од теориите на завери. Се извинувам поради тоа“, вели екс-рамноземјашот.

Во меѓувреме, плејмејкерот на Бостон е фокусиран на новата НБА сезона, или со други зборови – на кошарката, каде што му е местото.

- Реклама -