Кајмакоски и Белов ја зафркнаа Андријана: Никој нема да патува!

Еден месец се гласаше за онлајн музичкиот фестивал „Јуромјузик контест”, чие што финале ќе се одржи на 30 јуни, во Париз, Франција.Иако Даниел Кајмаски победи поради гласовите на публиката, тој нема да отпатува на изборот бидејќи нема авторски песни. Факт е дека Даниел во моментов е најактуелен по регионалниот X factor и публиката го обожава, но се уште не му е местото онаму каде се бара учество на веќе истакнати пејачи кои што имаат албуми и неколку годишна кариера зад себе.  Дефинитивно, Даниел можеше да ги почека своите 5 минути, дозволувајќи и на естрадата да се избори за своето учество.

Голема вина имаа и дел од Македонските медиуми, кои што објавија начин за гласање за Даниел, пред се фаворизирајќи го единствено него, а потоа без да ги прочитаат правилата на фестивалот, па и да земат во предвид дека Јаневска била директно поканета како претставник на овој европски натпревар.

Така сега Македонија нема свој претставник, а за малку ќе заминеше Адријана Јаневска, бидејќи како што дознава Трачарка, второпласираниот Александар Белов бил дисквалификуван поради тоа што не ги исполнил условите за транспарентно гласање на публиката, па „направил лајкови“ преку ноќ.

На оваа тема неодамна проговори Адријана Јаневска за медиумите во земјава:

„За жал, Ма­ке­до­ни­ја и неј­зи­ни­от прет­став­ник Да­ни­ел не нај­доа мес­то ме­ѓу 10-те фи­на­лис­ти. По по­ка­на од ор­га­ни­за­то­рот, зе­дов уче­ство на овој фес­ти­вал. Се раз­би­ра, ка­ко и се­кој Ма­ке­до­нец кој до­бил шан­са да се прет­ста­ви пред Ев­ро­па, оче­ку­вав под­дрш­ка од мо­и­те фа­но­ви, при­ја­те­ли и ко­ле­ги. Два­е­сет и пет де­на бев на пр­ва­та по­зи­ци­ја во це­ла Ев­ро­па, но пос­лед­ни­те не­кол­ку де­на пред да би­де зат­во­ре­но гла­са­ње­то, се беа при­ја­ви­ле уш­те 50-ми­на пе­ја­чи од Ма­ке­до­ни­ја. Ме­ѓу нив, Алек­сан­дар Бе­лов и Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски се бо­реа за пр­ва­та по­зи­ци­ја. На кра­јот, Да­ни­ел за­вр­ши прв, јас вто­ра. За жал, Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски не бе­ше од­бран да ја прет­ста­ву­ва Ма­ке­до­ни­ја, ве­ро­јат­но, по­ра­ди тоа што пра­ви­ла­та на­ла­гаа пес­ни­те со кои си се при­ја­вил да би­дат ав­тор­ски ори­ги­нал­ни. Би са­ка­ла да му чес­ти­там за ос­во­е­но­то пр­во мес­то во Ма­ке­до­ни­ја и му по­са­ку­вам го­лем ус­пех. Член сум во не­го­ва­та фан-гру­па и ги сле­дам слу­чу­ва­ња­та во не­го­ва­та ка­ри­е­ра, па ве­ру­вам де­ка нас­ко­ро ќе н из­ра­ду­ва со не­ко­ја пес­на, во ко­ја ќе блес­не си­от не­гов рас­ко­шен та­лент. Го при­фа­тив из­ви­ну­ва­ње­то на си­те не­го­ви фа­но­ви кои ми пи­шу­ваа по­грд­ни збо­ро­ви на мо­ја­та фан-стра­ни­ца и на мо­ја­та при­ват­на Феј­сбук-стра­ни­ца”, ни из­ја­ви Ан­дри­ја­на Ја­нев­ска.

За Македонија, повеќе среќа следната година.

- Реклама -