Кајло и Реј се новите Касандра и Ранду

star-wars-the-force-awakens-han-rey-163494[1]

Фановите се толку возбудени од новите ликови во Star Wars: The Force Awakens, што почнуваат бебињата да си ги крстат по нив. Според Babycenter.com, првите неколку месеци забележан е драстичен пораст во популарноста на имињата од долгоочекуваното продолжение кое имаше премиера во декември. Во 2016-та, новите родители одбираат „Кајло“ или „Реј“ многу почесто отколку во последните години.

Името на големиот лош Кајло скокна од 3.774-тото место на најпопуларни имиња во 2015 година – на 1.165-тото место во 2016 година. Реј пак, скокна од 14.172-то место во 2015 година, на 2.784-тото место годинава. Сега има луѓе и што детето си го крстат „Џеди“ (џедај), макар што скокот е помал – за едно 600 места, на 3.774-тото.

Сепак, и „Реј“, и „Кајло“ имаат уште многу пат за да го стигнат „Фин“, кое беше рангирано на 118-тото место во 2015-та година. Сепак, тоа име не може да се пофали дека популарноста му е стриктно заради „Војна на звездите“.

Ова не е прв пат популарна серија или филм да им ја затупи креативноста на новите родители. Во последните неколку години, луѓето ширум планетата се палкаа на Game Of Thrones и на своите деца им даваа имиња како Денерис, Калиси, Арја и Теон.

- Реклама -