Кафето е најдобар лек за мамурлак

Една шолја кафе не само што ќе ве разбуди, туку и ќе ги уништи сите штетни ефекти од алкохолот.

Пет или повеќе шолји кафе дневно може да го намалат нивото на ензими што предизвикуваат оштетување на црниот дроб, срецеви болести и дијабетес за дури 50 отсто и тоа особено кај мажите.

Финските научници вчера го претставија ова откритие. Академците од универзитетот Тампер и финскиот Национален институт за здрвје проучувале речиси 19 000 луѓе во текот на една деценија. Тие ја испитувале нивната здравствена состојба, историја на болести и конзумирање на алкохол и кафе.

Two-cups-of-coffee

Во извештајот стои: „Внесувањето на 280 грама етанол неделно (3,7 шишиња вино) доведува до пораст на нивото на ензимите ГГТ во споредба со групата апстиненти. Редовното конзумирање на пет или повеќе шолји кафе дневно е поврзано со намалување на активноста на ГГТ за 50 отсто“.

Друга студија покажала дека четири до пет шолји кафе дневно носат бројни здравствени подобности – од намалување на ризикот од дијабетес од типот 2 до кардиоваскуларни заболувања.

- Реклама -