Кафе-барот „Аквариус“, во центарот на Охрид, на своја иницијатива ќе ја отстрани култната тераса, изградена пред неколку години, која е дивоградба и навлегува во Охридското Езеро.
За ваквиот потег соопшти охридскиот градоначалник Константин Георгиески, на прес-конференцијата за изложбата по повод 30-годишнината од ликовното творештво на уметникот Драган Спасески Охридски.
Георгиески се заблагодари на искажаната еколошка свест и општествена одговорност на управата на локалот, кои, како што рече, први испратиле писмо до локалната самоуправа дека ќе ја урнат својата платформа. Тој „гестот“ го искористи за да испрати апел и до другите, меѓу нив и сопствениците на дивоградби, да почнат со позитивна намера, а не со репресивни мерки, да создаваат нов, зелен и еколошки Охрид. Повеќе на „Охрид Њуз“.