Каде завршил животот на Амелија Ерхарт?

Многу контроверзи ги следеа животот и смртта на Амелија Ерхарт. Таа беше жена пилот во време кога мажи владееја со светот. Таа се реши да го обиколи целиот свет со авион. На крајот, мистериозно исчезна, предизвикувајќи шпекулации за нејзиниот крај, почнувајќи од тоа дека можеби била шпиун на владата и требало да ги надгледува непријателските трупи во Пацификот, па сè до сценарија во кои таа исчезнала во Бермудскиот триаголник?!

Денес, истражувачите велат дека имаат претстава што навистина се случило со пионерката на летањето.

Амелија ЕрхартНајприфатената претпоставка за смртта на Ерхарт до сега, беше онаа која вели дека нејзиниот авион се срушил среде Пацификот и потонал. Затоа што била премногу далеку од каков било контакт со луѓе, таа немала никаква шанса за преживување и се удавила.

Сега, според меѓународната група за пронаоѓање на историски летала, се покажува дека голема е веројатноста таа и нејзиниот навигатор, Фред Нунан, да морале принудно да слетаат на ненаселениот остров кој денес е дел од Република Кирибати. Недостатокот на гориво не им дозволил да стигнат до предвидената дестинација – островот Хауленд.

Откако се нашле на „пустиот“ остров, без начин за контактирање на некој кој може да ги спаси, голема е веројатноста дека двајцата авијатичари умреле од некоја од бројните потенцијални причини и тоа за брзо време. Најголем дел од времето, на островот е 40 степени целзиусови, дури и под сенка, водите се преполни со отровни риби, нема слатка вода, а во такви услови и повредите многу брзо се комплицираат.

Секако, ова не е цврст заклучок, туку само претпоставка. Иако се најдени остатоци кои укажуваат на ваквото сценарио, можно е тие да се донесени на островот од морските струи. [Earhart’s Final Resting Place Believed Found]

- Реклама -