До каде оди ова? Карлеуша ја објави фискалната сметка за Версаче фустанот!

Откако во јавноста се појавија коментари од модните експерти дека фустанот кој Карлеуша го носеше на црвениот тепих на Сараевскиот филмски фестивал не е оригинално дело на модната куќа Версаче, пејачката на својот Фејсбук профил ја објавила фискалната сметка од продавницата во Милано.

По завршувањето на филмскиот фестивал во Сараево, Карлеуша добила многу коментари на сметка на беспрекорниот изглед, па фановите и јавноста ги информираше дека фустанот кој го носела е од последната колекција на модната куќа „Версаче“ кој вреди дури 5.800 евра. Овде би можело ова да заврши доколку не им паднеше во очи на модните експерти, кои тврдат дека е „лажен“.

Од друга страна, пејачката преку својот Фејсбук профил ги негирала мислењата на модните „експерти“:

„СО ШТО МОРАМ ДА СЕ СПРАВУВАМ ЈАС! Утрешен Курир како ударна вест (?!) пишува дека мојот фустан од Сараевскиот филмски фестивал е всушност „ФЕЈК“. Во прилог на тоа ја приложувам сметката од модната куќа „Версаче“ во Милано, а цената е замаглена бидејќи не сакам да се знае колку е платен фустанот, живеам во сиромашна и проблематична земја. Тука е кодот, името на фустанот и датумот на купување“, напишала Карлеуша на својот Фејсбук.

Ова е за жалење…

- Реклама -