Централната прослава за дочекот на Нова Година градот Скопје, годинава нема да се организира на плоштад Македонија, бидејќи таму во моментот има градежна зона.
Вечерта на 31 декември ќе се слави пред порта Македонија и најверојатно, за одржување на забавата ќе биде затворена улицата пред Собранието.
Ова е првпат пречекот да се одржува на друга локација.
Од Градот се уште не откриваат кој ќе ги забавува скопјани за најлудата ноќ.