Каде ќе го помине Цеца денот на заљубените?

 Фолк ѕвездата открива дека за неколку дена планира патување на таинствена дестинација.

Најголемата ѕвезда на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека по работната година, која веќе е зад неа ќе отпатува на одмор.

Како што наведе, таа планира за неколку дена да замине на таинствена локација, но не сакаше да открие за кое место станува збор, ниту пак, во чија придружба ќе патува.

Цеца на својот профил на Фејсбук, напиша дека сите нејзини фанови можат да очекуваат убави вести:

– Во моите планови и желби, февруари и месец за одмор, но и за убави работни вести. Наскоро ќе дознаете за што станува збор, објави Цеца на својот профил.

Се шпекулираше дека Цеца ќе лансира на пазарот своја линија на парфем, но пејачката ги демантираше овие наводи, советувајки да бидеме трпеливи за да дознаеме за што станува збор.

- Реклама -