Каде исчезнаа сите добри мажи?

sunset1[1]

Не е дека не сакаат жени, не е дека се хомосексуалци, не е дека не сакаат секс, ама едноставно им е смачено.

Првото правило на Боречкиот клуб – култниот филм од 1999-та година, е „никогаш не зборувај за боречкиот клуб“. Се работи за подземен бокс клуб маненет стриктно за мажи без попаметна работа (ете така да го упростиме, за атер на просторот и времето).

Речиси две децении подоцна, околу 10.000 мажи основаа слично машко здружение, наречено MGTOW (Men Going Their Own Way). Мажите кои одат по свој пат е прилично ново движење кое се застапува за идејата дека мажите секогаш се жртви во односите со жените.

Нивното прво правило?

Напуштање на сите видови романтични односи со жените 

Над 15.000 мажи на популарниот Reddit се „зачленети“ во оваа заедница, која декларира „Луѓе кои одат по свој пат, самостојно ковајќи го својот идентитет и  патиштата кон самостојно дефинираниот успех, отфрлајќи ги притоа колективните замисли за тоа што еден маж е“.

MGTOW[1]Другите веб страници, меѓу кои и MGTOW.com, се посветени на она што тие го гледаат како борба на секој маж за својата сопствена сувереност. И без оглед на нивната (релативно речено) омраза кон жените, овие мажи не ја прифаќаат хомосексуалноста.

Преку постовите на Reddit добивате уникатен увид во нивниот свет – од тоа дека секс-роботите на иднината ќе бидат финансирани од државните влади, па до поттикнувањето на мажите да се разведат од своите жени. Во други се зборува околу идејата за посетување на проститутки, во трети за феминистичката пропаганда во поп песните, а колку повеќе скролате со маусот, сé потемни стануваат темите и постовите. Како на пример дека „жените често глумат оргазми, зашто го користат тоа за да ги направат мажите попотчинети“. Или постовите во кои и млади и возрасни мажи со гордост се декларираат како девици.

„Сакам секс и сакам друштво, но не сакам/не можам да вложувам труд за тоа и да го добијам“, пишува еден корисник на MGTOW форумот. Овој пост прилично добро го опишува еден од главните ставови на Мажите што одат по свој пат. Тие имаат јасна визија за тоа што сметаат дека треба да се случува во светот, свет кој се темели на таканаречениот менизам (man-ism), кој се јавува како машка противтежа на феминизмот – чии женски права ги надминуваат тие на мажите.

mgtows-or-gynocentrism[1]

Мажите се жртви?

Иако феминистките тврдат дека нивното движење има за цел да им помогне на обесправените жени и мажи преку рушење на половите стереотипи, менистите не се сложуваат.

За нив токму мажите се жртви во хетеросексуалните односи, и одат до толку далеку што во машко-женските односи мажите ги споредуваат со заседлани коњи. За да ја појаснат состојбата во општеството што многумина не ја гледаат, прават аналогија со култниот филмски хит Матрикс, во кој Нео (Одбраниот) одлучува да ја одбие сината пилула на животот (лагата), и наместо тоа ја зема црвената пилула (вистината).

699345-d68e20b52df6f84fb8b491aca2c30f54[1]
Црвената пилула – тоа што татко му никогаш не го знаеше, тоа што мајка му го криеше од него.

Ултимативната цел за MGTOW е потполна слобода од друштвените ограничувања – позната како ниво 4. Почетното ниво 0 подразбира „земање на црвената пилула“ и препознавање на еднаквоста како полова измама. Ниво 1 се темели на отфрлање на долгорочните односи со жени и препуштање исклучиво на „сексуални средби“, кои потоа водат кон ниво 2. Со оглед на тоа што MGTOW е движење кое се испреплетува со алтернативната десна слободарска политика, акцентот во ниво 3 е ставен на тоа дека мажот треба да се фокусира на заработување на пари за да опстане.

Во потрагата по сопствениот пат, пак, препрека им се феминистиките, таканаречените „бели витези“ (галантните мажи кои се однесуваат кавалерски кон жените), борците за социјална праведност, поборниците на LGBT заедницата, и сите слични на наведените.

Хероите на MGTOW?

Role-models (лични примери) за мажите што одат по свој пат се „модерните самураи“ на Јапонија, кои не пројавуваат никаков интерес за тоа да најдат долгорочни партнерки; во таа категорија во Јапонија спаѓаат околу половина од мажите во своите 20-ти и 30-ти години. Како свои јунаци MGTOW ги истакнуваат Шопенхауер, Тесла, Бетовен, Галилеј, па дури и Исус.

jesus
Исус милува слеп маж и прави да прогледа.

Своето движење, пак, го поистоветуваат со оган:

„MGTOW може не е старо како огнот, но ако се гледа како оган, тогаш феминизмот е бензин“.

Меѓу „поконкретните“ херои на движењето се двајца интернет корисници со интернет надимаци Solaris и Ragnar од 2000-тата година, кои се сметаат за основачи на движењето и имаат напишано манифест во кој ги повикуваат мажите и жените да се вратат кон своите традиционални полови улоги.

И додека MGTOW заедницата е сé уште претежно виртуелна, нивната одлучност се чини многу реална.

Следи видео во кое се обраќаат до жените и повикуваат на окончување на вагиналната манипулација. Почнува вака:

„Веќе некое време, многу од жените го поставуваат прашањето: Каде исчезнаа сите добри мажи?… Најпросто кажано, одговорот е: Било каде освен во твоја близина… Ако си навистина толку игнорантна за воопшто да го поставиш прашањето, тогаш ТИ си проблемот“.

- Реклама -