Каде е во моментов срцето на Шопен?

Пред да почине во Париз во 1849 година, композиторот Фредерик Шопен рекол: „Откако ќе умрам, извадете го моето срце и погребајте го во Полска”. Тој сакал симболот на неговата душа да почива во неговата татковина.

Оттогаш телото на композиторот почива во мир на гробиштата „Пер Лашез” во Париз, непосредно во гробот на Џим Морисoн, а неговото срце продолжува кон една луда авантура.

На почетокот тоа било ставено во тегла за ликер. После тоа било нелегалноодведено во Варшава, со тоа што успеало да помине низ руските граничари. Откако дошло до родниот град на Шопен , срцето му поминало низ рацете на неколку роднини, а потоа однесено во базиликата „Свет крст”. За време на Втората светска војна срцето накратко дошло до рацете на нацистите. Телото било ексхумирани неколку пати, а последниот наводно, за време на тајна операција, со цел да се провери дали ткивата се добро зачувани. Иако голем број професионалци сакале да се направи истражување на срцето, владата, црквата и јавноста во Полска не дозволувале.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

Оваа година еден судски лекар предупреди дека по толку многу години алкохолот може да испари, а срцето може да се исуши и да потемни. Во април оваа година срцето било однесено за проверка. Во акцијата учествувале архиепископот на Варшава, министерот за култура, двајца научници и други официјални лица, со тоа што сите се заколнале дека ќе ја  чуваат тајната. За време на тајната акција биле направени повеќе од 1.000 фотографии, а капакот на садот бил запечатена со восок, за да се спречи испарувањето на алкохолот. Архиепископот кажал неколку молитви над срцето и тоа било вратено на неговото место во Варшава. Сето ова се случило во текот на ноќта, а наутро посетителите не забележале ништо. Полските власти ја подготвувале  тајната операција 5 месеци. За неа се дознало во септември, иако е објавено дури сега, пренесуваат светските медиуми.

- Реклама -