Kаде е горивото најскапо, а каде е најевтино?

Најскапо гориво на светот се продава во Норвешка, додека најевтино – во Венецуела, покажа споредбата што ја направи „Блумберг“.

Агенцијата ја споредувала просечната цена на галон гориво (околу 3,78 литри) и процентуалнит износ од просечна дневна заработувачка што е потребно да се издвои за да се купи еден галон гориво.

Иако се рангирани повеќето земји од регионот, Македонија ја нема на листата.

Резултатите покажале дека галон гориво во Норвешка чини 9,49 долари, а нешто поевтино е во Холандија – 9,46 долари за галон, Италија – 9,34 долари , Данска – 9,14 долари, Грција – 8,81 долари, Белгија – 8,68 долари, Португалија – 8,56, Германија – 8,50 долари за галон, Турција – 8,47 долари, Финска – 8,44 долари за галон.

Од останатите земји во регионот, најскапо гориво има Словенија со цена од 7,74 долари за галон, зад неа е Романија со 7,38 долари, Унгарија – 7,05 долари и Бугарија – 6,73 долари за галон.

Во светски рамки, најевтино гориво се точи во Венецуела – неверојатни 0,04 долари за цел галон, а меѓу најевтините е и Саудиска Арабија со цена од 0,45 долари, Кувајт – 0,81 долари и Египет со 1,01 долар за галон гориво.

 

- Реклама -