Со оглед на тоа што новата сезона на ова реално шоу започнува оваа есен, треба да се потсетиме каде е и што прави првиот победник на „Големиот брат“, Иван Љуба.
Иван денес е успешен професор по пијано и пијанист.
По победата во 2006 годиа, Иван целосно се посвети на неговата кариера на пијанист, веднаш по напуштањето на куќата имаше концерт со белградската филхармонија, потоа следат концертите во Суботица, Шабац, Смедерево…
Тој има соработувано со оперскиот пејач Драган Томиќ, свирел џез, камерна и филмска музика. Иван веќе со години професионално се занимава со параглајдерство, и има летано повеќе од 2000 метри во Турција, Грција…
Тој не одеше по „црвени теписи“, не даваше интервјуа и не се ширеа приказни за неговиот приватен живот. Момчето вредно работеше, и тоа го прави и денес. Неговиот пат е сериозната музика. Тоа го учел и тоа го работи денес. Веќе на почетокот на 2016 година, Иван го очекува концерт во Белград и мала турнеја по поголемите градови во Србија.