Факт е, тетоважите не се за секого. А факт е и дека тие што сепак ќе се решат, веројатно нема да ја изберат локацијата врз основа на тоа колку ќе боли самиот процес на тетовирање. Сепак, добро е да знаете во што се впуштате, па затоа еве еден „графикон“ што ги мапира деловите од телото кои при контактот со иглата за тетовирање најмногу болат.
Вистината е дека секако ќе боли. Но одредени делови од телото се екстремно чувствителни на болка, и со овие зони треба да си „играат“ само најхрабрите и најпосветените. Графиконов на Tattoos-Hurt.com ги истакнува преку боја – со жолта се означени најмалку болните зони, а со виолетовата се означени исклучително болните и најранливите, при кои може дури и да се онесвестите.
Треба да се напомене дека секој има различна толеранција на болка, а и најболните зони не се распоредени како на мапава баш кај секого. Сепак, графикот дава добра генерална слика за тоа што ве чека при дружењето со иглата. Притоа, правилото „од око“ (rule of thumb) е дека ако сте особено скокотливи во некоја одредена област, таму веројатно многу ќе ве боли да се тетовирате.
На крајот, сепак, најважно е да изберете тетоважа што ќе ја сакате. Барем да се исплати болката и да не сте пишман во иднина.