Качамак на манастирски начин

Потребни состојки:
• Пченкарно брашно 1 кг.

• Сол 1 лажица

• Путер 100 гр.

• Масло 100 мл.

• Вода 2,5 л.

 Начин на подготовка:

Во длабок сад се става водата да зоврие. Откако ќе зоврие, се додава солта и потоа внимателно се става во неа брашното. Со тенко сукало се прават повеќе дупчиња во брашното и се остава да се вари на тивок оган околу еден час и триесет минути, без мешање. Откако ќе се свари, се меша со сукалото со кружни движења, потоа се додава претходно загреаниот путер и маслото, па одново се промешува, сè додека убаво не се иситни. На крај, по желба, може и да се потпече во релна.

Прилог:
Со ова јадење обично оди во прилог сирење, кисело млеко или јогурт и варено јајце, освен во посни денови.

Рецептот е од  кујната на Св. Јован Бигорски

- Реклама -