Студентка на Факултетот за музичка уметност и ќерка на познатиот пејач Жењко Јоксимовиќ минатиот месец ја предизвика локалната јавност со своите провокативни фотографии.
Со нив Мина сите ги доведе во сомневање, бидејќи ни малку не наликува на девојката на која се сеќаваат. Има многу коментари за тоа како миленицата на Жељко ја пуштил од рака и преку ноќ станала расна убавица.
– Ви благодарам на сите на комплиментите кои ми ги пишуваат на социјалните мрежи кои го фалат мојот изглед. Смешно ми е кога коментираат дека сум имала хирушка интервенција, силикони и слично, бидејќи тоа не ми паѓа на памет- вели Мина, која има 19 години.
Мина не крие дека сака да се слика и ужива да провоцира и заведува пред објективот, но ја отфрла можноста да биде манекенка.
– Сакам да се фотографирам, тоа е посилно од мене. Но, тоа го правам онака, додека амбиции за моделство немам, ниту размислувам за тоа. Градам сопствен стил со личен печат, затоа што сметам дека секој треба да има нешто по кое се разликува- вели Мина, истакнувајќи дека планира кариера во музиката.